Петар Аневски и Марко Зврлевски кројат стратегија како да ги вдомат кадрите во Обвинителството

Јавниот обвинител Марко Зврлевски не отстапувал од намерата, неговата шефица на кабинет Бисера Лазаревска, да биде избрана за Виш обвинител во Скопје, на седницата која е презакажана за во вторник, пишува Сведок.

Денеска, Претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски, беше уловен од новинарите како излегува од зградата на Јавното обвинителство, каде што бил да ги види колегите на кафе.

Но, во суштина, денешната средба била последна координација и пребројување на гласовите во Советот, дали може да се изберат обвинители. Иако има исполнето услови за пензија, се сметало и на гласот на Зоран Сулејманов, свесни дека избраните нема да се жалат и така не ќе може да биде оспорен изборот, иако, ако се случи тоа, повлекува кривична одговорност за нив, како и за случајот на разрешената обвинителка од Страумица, за која гласал и Сулејманов.

Извори од Советот на обвинители тврдат дека му било сугерирано на Зврлевски дека сега не е „момент“ за избор на негови соработници на функции, но тој,, не отстапувал од ова барање. Важно е како ќе гласаат и двајцата Албанци, членови на Советот, кои му замеруваат за работата на Аневски кој не дозволи дел од предметите, како Сопот, за кој се заинтересирани, да премине во надлежност на СЈО.

Во вторник, Советот треба да распише оглас за обвинител во ОЈО Скопје, како и во Вишото обвинителство и да назначи вд шефови до изборот на нови. Аневски веќе го промовираше Јован Цветановски како времен наследник на Гордана Ѓешкоска.

Сведок неколку пати пишуваше дека Цветановски ќе дојде на местото на Ѓешкоска и покрај кривичните пријави што беа поднесени против него, почнувајќи од сомневања за злоупотреби во предметот „Јустиција“ со апсење на судиите.

Токму Советот, Цветановски го избра за обвинител во Вишото скопско обвинителство, за преку ноќ, поради наводно зголемен обем на работа да го прати на времена работа во ОЈО Скопје од каде што дојде.

Ѓешкоска, најверојатно ќе се повлече на местото на заменик на Марко Зврлевски, кое со нејасно правно образложение и мирува, а Цветановски, по нејзиниот пример, како Виш обвинител ќе го води скопското обвинителство, пред кое сега се во тек сите постапки околу настаните во Собранието од 27 април.

„Има годишен распоред за работа. Првиот заменик си ја продолжува работата. Истото го имаме и во Обвинителството за организиран криминал. Замина јавниот обвинител, неговата функција му мирува во Републичко јавно обвинителство и го заменува јавниот обвинител, првиот заменик по годишниот распоред за работа, а тоа е Златко Биковски. И овде ќе биде сличен случај“, изјави Аневски по кафе средбата во ЈОРМ.

Аневски откри и „тајна“ дека Катица Јанева била избрана 8 месеци по објавен оглас и затоа не гледа пречка, што за скопскиве избори чекале 6 месеци.

„Мое мислење е дека нема никаква пречка да се врши избори и после шест месеци. За тоа има пракса, не е сега првпат, еве јас да ви откријам една мала тајна да знаете сите и Катица Јанева во 2010 избрана е во осмиот месец по објавување на огласот“, рече Аневски.

Членовите на Советот признаваат дека медиумските пишувања во голем дел биле причина да ја одложат седницата и тоа малку ги подосвестило и тие кои сметале дека „до сега биле избрани многу кадри на Шврговски и Зврлевски, па не би било проблем да биде избрана и Лазаревска од шеф на кабинет во Вишо обвинителсто“ иако нема ниту еден ден обвинителски стаж, а се спомнува и во случај каде што снемало предмети кои таа ги работела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e