Пендаровски: За две и пол години ја вративме државата во нормала, најбрза обнова во повоена Европа

Во овој законодавен дом во 2017 година бевме сведоци на трагични настани до кои не доведе т.н. „заробена држава“. Од тогаш до денес, за само 2 и пол години, успеавме да ја вратиме државата во нормала и да ја донесеме на прагот на членството во НАТО и отварањето на преговори со ЕУ, што е најбрза забележана обнова на државните институции во повоена Европа, рече претседателот Стево Пендаровски во обраќањето пред пратениците.

„Клучните демократски индикатори се придвижија во позитивна насока и тоа го покажуваат сите објективни анализи направени во меѓувреме и кај нас и во странство. Меѓутоа, генералната перцепција кај нашите граѓани е дека тој прогрес не е доволен, затоа што нивните очекувања после десет години автократски режим, со право, беа поголеми. Широкото граѓанско движење на отпорот кое беше генераторот на демократските промени настапуваше под мотото „Нема правда, нема мир“, но за жал, три и пол години по единствентата наша демократска револуција во пост-комунизмот, малкумина се убедени дека правдата пристигна“, рече Пендаровски.

Претседателот нагласи дека многу судски процеси немаат завршница, некои од најголемите правни случаи имаат застарено на очиглед на сите, а ниту една институција не кажала јавно како такво нешто е возможно.

„Врв на лошите состојби во правосудниот систем беше т.н. афера „Рекет“, во која меѓу обвинетите за тешки кривични дела се најде и првата личност на институцијата која беше формирана со една единствена цел, да ги гони криминалците. Еден факт не зборува добро за отпорноста на нашиот правосуден систем од надворешни влијанија, без малку три децении сме независна држава, а ниту еден наш висок политичар или преку ноќ збогатен визнисмен нема завршено зад решетки, а таму требаше да завршат многу повеќе од еден. Општа перцепција е дека само сиромашните и луѓето на маргини, без релација со некоја власт одговараат дури и за багателни кривични дела. Затоа не треба да не чуди што голем дел од младите луѓе ги воспитуваат реални шоуа, а нивни идоли се нечесни луѓе, типови од криминалниот полусвет“, истакна Пендаровски.

Тој побара веднаш по изборите да се спроведе порчистување и кај судиите и кај обвинителите, но прво кај политичарите. Вели, за секого мора да има логично образложение како со државна плата станал милионер, а потоа да не следи оставка, туку кривична постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e