Пендаровски: Време е за добри односи со Бугарија

Историски парадокс беше наследникот на ВМРО да се чувствува поблизок до Белград отколку со Софија. Недостатокот на патна инфраструктура помеѓу Софија и Скопје не спречува да излеземе од оваа магла и да ги реализираме и разбереме историските факти. Изјави претседателот Стево Пендаровски во интервју за бугарската агенција БГНЕС.

„Ние сме дел од Европа и треба еден ден по исполнување на критериуми да бидеме полноправна членка на таа Европа. И кога го видов првичниот предлог за „Мини шенген“ кој вели дека во основата се тие т.н. четири слободи кои се и во идејата на ЕУ, меѓутоа и се четирите основни елементи на „Европската економска зона“, јас реков ако е ова компензација за членство, ако е ова компензација јас ќе речам – не, благодарам за таа иницијатива.  И тука сите политички лидери се согласија, вклучително и премиерот Заев кој беше потписник и учесник на правата средба, подоцна организатор на втората во Охрид, дека ние не го прифаќаме „Мини шенген“ ако е компензација или алтернатива за членство. „Мини шенген“ има структурни слабости и не треба да биде нова Југославија“, вели Пендаровски.

Според претседателот,  последните години ние сме изложени на страшна политичка пропаганда со лажни вести, еден нов феномен или т.н. хибридни закани.

„Ние не можеме да се одбраниме ако немаме помош од сојузниците и на тоа поле. Ние не зборуваме за традиционални војни. Нема никој да не нападне. Имаме околу 140-150 наши државјани на боиштата во Сирија, во Ирак, на Блискиот Исток. Размената на информации со земјите од НАТО, кои не информираат за тоа со какво оружје и искуство ќе се вратат тие борци. Размената на информации со нашите партнери и сојузници во НАТО Алијансата веќе функционира на многу повисоко ниво после поканата од минатата година што ни ја дадоа“, истакна Пендаровски.

Тој потенцираше дека за првпат во 2000 година имаше обид за отворање на архивите на комунистичката тајна полиција.

„Започна тој процес на лустрација со многу лимити, со многу ограничувања, дури и со временски ограничувања од само година дена и после готово, сите тие досиеја додуша после тоа беа префрлени во Архивот на Македонија, меѓутоа, знаете, беа прешкртани имињата на доушниците, а беа на соработниците на полицијата и на кодошите народски кажано и беа прешкртани полициските службеници кои го формирале тоа досие. во времето на Груевски се претвори во борба против политичките опоненти“, додаде Пендаровски.

Претседателот истакна дека мма покана од неговиот бугарски колега Румен Радев да дојде во посета во Софија.

„Со него имаме начелно разбирање и тој има разбирање за мојата позиција. Заедничката историска комисија во меѓувреме не работи со посакуваното темпо од двете страни. Решивме да почекаме да видиме евентуално позитивни трендови во рамки на таа Комисија и после да имаме и со што да се пофалиме малку. По Софија сакам да го поканам Радев во Скопје. Треба да ви кажам дека и во двете држави работиме интензивно за создавање амбиент за послободно, покомотно и поцелосно почитување на историските факти. Но, ние не можеме да работиме за историчарите“, рече претседателот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e