Пендаровски: Верувам во одговорно лидерство

Сакам да се заблагодарам на членовите на Македонија2025 за сиот ангажман и енергија од чии резултати ќе има полза нашата економија и директно или индиректно македонските граѓани, рече претседателот на С. Македонија, Стево Пендаровски на отварањето на самитот на Македонија 2025.

„Верувам дека сите овде споделуваме визија за модерна Република Северна Македонија. Држава со млади, задоволни со својот живот овде. Сакаме држава со развој, подготвена да се менува и да ја адаптира својата економија согласно светските трендови. Основните предуслови за тоа е соработка на политичарите со бизнис заедницата. Лично можеби нескромно, се ставам на располагање согласно моите надлежности за секоја иницијатива и сугестија, затоа што од првиот ден на оваа функција верувам во одговорно лидерство“, рече Пендарвоски.

Тој вели дека без доверба во институциите и непристрасност, нема економски напредок.

„Во државата се потребни натамошни реформи. Верувам дека после сите искушенија низ кои поминавме, конечно креираме позитивна бизнис атмосфера. Развојот на економијата станува наш приоритет, има волја и кај власта и кај опозицијата“, рече претседателот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e