Пендаровски: Треба да се согласиме иселувањето да не се кроисти во предизборни кампањи, тоа е проблем на сите влади до сега

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски по работната средба со Сојузот на Синдикати на Македонија истакна дека неговата изјава дадена во Нови Сад дека доколку не бил претседател би се иселил од државата е пренесена погрешно и дека е политички извртена.

„Осум и пол минути трае изјавата. Прецизно зборував, изјавата е дадена за евроспката перспектива по недобивањето датум за преговори. Сите политичари ја имаме вината за иселувањето, треба да му се извиниме на македонскиот народ за лошите политики во овој дел. Во 2011 година пописот се прекина и тоа со вмешување на политиката, бидејќи видоа колку малку луѓе се останати во државата. Сега, на идниот попис може да замислиме колку луѓе ќе има останато, истакна Пендаровски.

Шефот на државата нагласи дека се злоупотребува иселувањето од секоја политичка партија, па според него, сите политичари треба да се согласат да тој проблем да не се користи во предизборните кампањи.

„Прифаќам дека имам вина за лошиот вординг. Не постои ниедна партија, ниту еден претседател и премиер кој може да се пофали дека се намалило иселувањето. Треба наместо да зборуваме во чие време колку луѓе се иселиле, да го средиме тој проблем, бидејќи не сме за фалење. Иселувањето не може целосно да се искорени, тоа не се случило никаде во светот, но може да се намали. Ако сакаме да ги задржиме младите во државата, мора со натпартиски консензус да ги носиме реформите. Поради претераната партизација се селат граѓаните, тоа мор ада се смени. Јас сум еден од ретките кој без партиска книшка дошол до највисоката функција во државата“, потенцираше Пендаровски.

Фото: Стандард.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e