Пендаровски се сретна со малиот генијалец Македон: Да создадеме стимулативна средина која ќе го насочи развојот на децата со натпросечна интелигенција

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска се запозна со малиот генијалец Македон Димитриевски.

„Ми претставува особена чест што имав можност да го запознаам Македон Димитриевски. Малиот генијалец фасцинира со своето знаење по математика, како и со говорењето на странски јазици“, посочи Пендаровски.

Пендаровски нагласи дека овие ученици се од посебен интерес за нашето општество и заслужуваат максимална посветеност од страна на државата.

„Да создадеме стимулативна средина која ќе го поддржи, поттикне и насочи развојот на децата со натпросечна интелигенција“, потенцираше Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e