Пендаровски: Најголемите поделби се случија за време на власта на Груевски

Како и да го читате Уставот покажува дека воено лице не може да застане на чело на Министерството за внатрешни работи, не само во техничка, туку во било каква влада, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за Националниот сервис.

Претседателот зборуваше и за актуелните случувања, како и неговиот повик за помирување во годишното обраќање пред пратениците.

„Дури и одлуката за предвремени избори се донесе овде, кај претседателот, иако место за тоа е Собранието. За жал, селективноста во нашата држава доведе до тоа да претседателот повикува на национално помирување. Карактеристика за држави кои излегуваат од конфликт е да се бара помирување, се прават акти за помирување, закони за помилување и така натаму. За жал, години наназад, особено во времето на претходната влада, во времето на господинот Груевски се случија тие најголеми поделби. Две и пол години се прекраток период да се пополнат тие дупки. Помирувањето не смее и не може да биде задача само на една власт или еден претседател. Со такви поделби, во толку мала држава, не можеме да одиме напред“, истакна Пендаровски.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e