Пендаровски: Им реков да го имаат предвид влезот во НАТО кога ги договараат изборите

На половина од средбата сме, разговараме на две точки, првата е заклучоците на Европскиот Совет, а втората е предвремени парламентарни избори, рече претседателот Стево Пендаровски на паузата од лидерската средба која се одржува на негов повик.

„Имам еден принцип за форматот, односно партии кои самостојно освоиле мандати, ова се неформални средби кои ниту еден закон не ги предвидува. Нашата држава е по трет пат во ваква состојба, 1991 година бевме во слична состојба, тоа беше минато, 2008 година бевме во слична ситуација, кога од познати причини, поради спорот со името бевме блокирани и сега, последните неповолни заклучоци од пред неколку дена. Сите поканети лидери покажаа јасен државотворен капацитет и застанаа зад оваа цел. Ниту еден од нив не испушти да каже дека не постојат алтернативи за Северна Македонија“, рече Пендаровски.

Во врска со втората точка, односно за изборите, Пендаровски рече дека ќе разговараат по паузата која се случува во моментов, по што ќе има изјави.

„Мора да има консензус за да има предврмени избори. Јас сум претседател, не одлучувам за тоа. Јас инсистирав дека мора да има консензус помеѓу власта и опозицијата, а таква согласност постои. Не видов кај премиерот дека сака да најде начин да го заобиколи тој процес. Јас ги информирав присутните дека ние во моментов се приклучуваме кон НАТО, но тоа што треба да се знае, дека кога ќе ратификуваат сите, има уште чекор, ние да ратификуваме. Јас им реков, договарајте се за избори, но имајте го тоа во предвид, зошто час поскоро треба да станеме членки на НАТО“, рече Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e