Партиите дебатираат за една изборна единица и отворени листи

На иницијатива на група пратеници предводени од пратеничката на ДОМ, Лилјана Поповска, претставници од парламентарните политички партии дебатираат за предлогот од наредните избори целата држава да биде една изборна единица и граѓаните да гласаат на отворени листи.

Меѓу претставниците кои дебатираат „за“ или „против“ една изборна единица и отворени листи учествува и премиерот Зоран Заев, на покана на Поповска која ја организираше дебатата.

Пратениците – предлагачи на измените се едногласни, дека една изборна единица и отворени листи дополнително ќе придонесат кон демократизација на С. Македонија и кон европскиот пат на држвата.

Според пратеничката од ЛДП, Јулиана Николова, присутните на тркалезната маса го покажале демократскиот капацитет дебатирајќи за предложените измени во изборниот модел.

„Разгледував истражувања дека повеќе од 50% од граѓаните се за една изборна единица. Актуелниот систем на ги дава соодветно претставувањата на сите партии. Ние од партиите ја правиме најголемата грешка што се обраќаме повеќе едни кон други, а помалку кон граѓаните. За овие избори, мислам дека треба да има помалку еуфорија, а повеќе кон граѓаните, а тоа би се постигнало преку овие промени“, рече Николова.

Според Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ, мора да има промена, затоа што ако повеќе од 40% од граѓаните не сакаат да излезат на гласање, тогаш нешто во државата не чини.

Фото: Локално

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e