Панчевски добил хонорари од Министерството за правда додека бил претседател на скопскиот Кривичен суд

Додека бил претседател на Кривичниот суд во Скопје, судијата Владимир Панчевски земал и хонорари од Министерството за правда за „образовни услуги“ и „други договорни услуги“. Ова го покажува алатката „Отворени финансии“, на која може да се видат трансакциите на државните институции кон правни и физички лица, пренесува Локално.

Панчевски во 2015 година, кога се уште беше на чело на Кривичниот суд добил 2 хонорари од Министерството за правда, 50.000 денари за „други образовни услуги“ исплатени 21 јули и дополнителни 15.000 денари исплатени 2 јуни 2015 година за „други договорни услуги“.

Моментално суспендираниот Владимир Панчевски е обвинет за злоупотреба на АКМИС системот, односно дека од јануари 2013 до септември 2016 година влијаел врз начинот на електронската распределба на предметите, давал наредби и насоки кој предмет кај кој судија да се распредели и со тоа ја злоупотребил службата и ги пречекорил границите на своите овластувања, процес чие судење ќе биде во Велешкиот кривичен суд.

 

Целиот текст прочитајте го на Локално.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e