Османи во Брисел на итен состанок со Министрите за надворешни работи на НАТО

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес патува за Брисел каде ќе учествува на вонреден состанок на Северноатлантскиот Совет на НАТО на ниво на министри за надворешни работи, што ќе се одржи во седиштето на Алијансата.

На состанокот ќе се дискутира за актуелните безбедносни состојби во Украина по воената руска инвазија во земјата, како и пошироките импликации врз евроатлантската безбедност. Дополнително ќе стане збор за мерките и активностите што Алијансата ги презема за заштита на територијата и гарантирањето на безбедноста на сите земјите членки на НАТО, како и поддршката за Украина.

Министерот Османи ќе го искористи присуството на состанокот на Северноатлантскиот Совет на НАТО да оствари и неколку билатерални средби со министри за надворешни работи на земји членки на Алијансата и партнери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e