Османи: Химната и знамето не се чепкаат!

– Ние не даваме мандати на никого туку разговараме за да постигнеме договор за меѓусебна поддршка за заедничко владеење со која било партија. Главен столб на тие разговори беше услогласувањето по текстот на Законот за употреба на јазиците. Досега работните групи работеа по текстот што го сработи ДУИ во соработка со другите партии од платформата и после давање мислења, усогласување, надминување на евентуални разлики, вчера претседателството го усвои текстот на тој Закон кој што ние го предложивме до СДСМ како текст за заедничко услогласување со цел усвојување во Собрание. Ова е историски момент и верувам дека ќе ги растовари меѓуетничките односи. Совршен закон ниту имало ниту ќе има. Оптимално е договореното решение, кое затвора значајна тема од Рамковниот договор – рече Бујар Османи на денешниот брифинг со новинарите.

–  Значи, албанскиот ќе се користи во службена комуникација, во комуникација со граѓаните, на централно ниво и на локално ниво, во судски постапки, односно во сите органи на државната власт.  Консултирани се голем број експерти, кои потврдија дека овие решенија се во рамките на Уставот – објасни портпаролот на ДУИ.

Портпаролот на ДУИ, рече дека немало дебата за менување на законот и на химната.

– Не стана збор за прашања кои бараат промена на Уставот. Вакви прашања ги надминуваат односите помеѓу две партии. За тоа мора да има дијалог меѓу заедниците – рече Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e