Општина Струмица со најдобар индекс на транспарентност!

Центарот за граѓански комуникации ги објави резултатите од истражувањето за активната транспарентност на општините што значи објавување јавни информации на сопствена иницијатива. Биле анализирани сите 81 општина во земјава вклучувајки го и град Скопје. Центарот, направи анализа колку локалните самоуправи преку своите интернет страници, јавни гласила, даваат информации од своето работење на јавноста без да им биде побарано.

Акцент било ставено, колку локалните самоуправи го истакнуваат пристапот до информациите, нудат информации за услугите и надлежностите на општините, финансиската и буџетската транспарентност но и информации за специфичните надлежности на општината.

Според овие критериуми најдобар индекс на транспарентност има општина Струмица со 82,1 процентен поен. Освен Струмица како најдобри се споменуваат Богданци со индекс од 79.1 процентен поен на транспарентност и Василево со 74,6 процентен индекс. По нив следуваат Гевгелија, Ново село, Радовиш. Дојран, Босилово Конче а најслаба активна транспарентност има општина Валандово со 17,9 процентен индекс.

vane-tabela

За Герман Филков општините се потранспаренти од министерствата но најголем проблем и понатаму се објавувањето на информации за буџетската и финансиската транспарентност. Општините многу ректо на своја иницијатива објавуваат информции за огласите за јавни набавки, тендерските докуметнации за огласите, и известувања за склучени договори . На ниво на Македонија најтрансапрентна е општина е Крива паланка која на својот сајт нуди најмногу информации . – објави телевизија ВИС!

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e