Ограбена спортска обложувачница и бензинска пумпа во Скопје

Непознато маскирано и вооружено лице синоќа, околу 22 часот, ограбило спортска обложувачница на улицата Тале Христов во Скопје.

Разбојникот со закана со пиштол одзел околу 200.000 денари, а од еден од присутните во обложувачницата одзел мобилен телефон, по што избегал.

Неколку часа подоцна, ноќеска околу 2.20 часот, маскиран и вооружен разбојник ограбил бензиска пумпа меѓу населбата Ченто и селото Арачиново.

Разбојникот заканувајќи ѝ се на вработената на бензиската пумпа, од касата одзел засега неутврдена сума пари, по што избегал.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на разбојниците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e