Одлични вести за турустичките места во Македонија најави метерологот Попоски

До самиот крај на оваа недела вистинското лето продолжува и во туристичките центри во државава поточно во Струга, Охрид, Преспа и во Дојран.

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност особено во попладневните часови кога на планинските места има услови за сосема краткотраен локален дожд и ретки грмежи и тоа претежно на потегот од Јабланица (Струшко) па понатаму кон северозапад и тоа особено утре (четврток).

Температурите на воздухот ќе се искачуваат некаде до околу 28 степени во Преспа, 29 во Струшко и Охридско додека во Дојранско истата ќе се искачува некаде до околу 32, 33 степени.

ТЕМПЕРАТУРА НА ВОДАТА НА ПРИРОДНИТЕ ЕЗЕРА ВО МАКЕДОНИЈА:

Охридско Езеро 23°C

Преспанско Езеро 22°C

Дојранско Езеро 28°C

Ви препорачуваме викендот да го искористите максимално и да го посетите манастирот Св. Наум во Охрид.

Манастирот “Свети Наум Охридски” се наоѓа на 28 километри од Охрид. Изграден е на висока карпа во најужниот дел од Охридското езеро.

Местото во боженственото природно опкружување плени со вонвременска духовна убавина.

Токму во оваа благородна дивина во која особено во ова време на годината царува тишината, душата на Свети Наум, верниот ученик и следбеник на браќата Кирил и Методиј во благородната мисија на просветувањето на човекот, заедно со неговото тело, останала вечно „заробена“ во ѕидините на сопствениот манастир. Подигнат за живот и – упокоение.

Имено и денес верниците можат да го слушнат срцевото отчукување на Свети Наум, доволно е само да се стави увото на камената плоча на неговиот гроб. Исто така се верува ако тој се допре со десната рака и се замисли желба за здравје, Свети наум познат уште како и чудотворец ќе ја ислуша.

Оваа негова световна моќ, всушност и придонела самиот манастирски комплекс „Свети Наум“ низ вековите да стане познат, не само како едно од многуте христијанско – просветителски словенски јадра долж брегот на Охридското Езеро, туку и како единствено лечилиште.

Секојдневно пристигнуваат туристи од целиот свет каде што уживаат во убавините на овој манастир, плажата, рестораните кои изобилуваат со вкусна македонска кујна како и прошетката со кајче по 700 метри долгите извори на мајката на Охридското езеро – реката Црн Дрим. Од 45 откриени извори 30 се под вода.

Извор: Скопје 24

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e