Од полноќ ново поскапување на дизелот

Од полноќ ќе има ново поскапување на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство.

Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи дизелот да поскапи за три денари, а Екстра лесното масло за домаќинство за два денари.

Цените на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 остануваат непроменети. Според оваа најнова одлука, дизелот ќе се продава по цена од 103,5 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство за 99 денари за литар.

Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 останува 89 ден/лит, а на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 91 ден/литар. Малопродажната цена на мазутот ќе изнесува 51,920 ден/кг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e