(ВИДЕО) Обвинителката Фатиме Фетаи главна ѕвезда на „Причпич“

Во сатиричен стил, обвинителката на СЈО раскажуваше за критиките кои ги добива на социјалните мрежи, а повод беше нејзиното излегување во дискотека. Порача дека жените во Македонија сѐ уште се соочуваат со предрасуди.

Пародијата на обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи го привлече најголемото внимание на вчерашното издание на раскажувањето женски приказни „Причпич“ во Скопје. Темата на која дискутираа повеќе жени од јавниот живот годинава беше „Добив“. Фетаи се потсмеваше со критиките кои ги добива на социјалните мрежи поради својот животен стил, а настанот за кој го говореше го претстави како кривичен настан, често користејќи правна терминологија. На настанот раскажуваа и активистка за работнички права и кандидатка за градоначалничка на Скопје, Марија Џонс, режисерката Ана Јакимска, писателката и феминистка Асја Бакиќ, феминистката и професорка на ЈИЕ Маја Мухиќ и актерката и активистка Симона Спировска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e