Обвинителите го истражуваат идентитетот на лицата што разговараат во новите аудио снимки поврзани со „Рекет“

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ги истражува снимките објавени на Јутјуб, а кои во кои се слуша глас кој наликува на оној на бизнисменот – сведок во случајот „Рекет“. Материјалите се појавија во петокот, а се поставени од анонимен канал на мрежата со фотогафија на која пишува „Нахрани ја демократијата“, пренесува Локално.

До сега, обвинителството нема побарано поддршка од Министерството за внатрешни работи, но се очекува денеска да се преземат поголеми активности околу тоа кој ги објавил, но и околу тоа кој и како ги снимил аудио материјалите.

Ќе се утврдува дали од содржината на разговорите и нивното јавно објавување има елементи на кривично дело, но и што била целта на целите разговори, ако се земе предвид дека објавените материјали траат од 10 до 30 секунди, а дел се снимени со атмосфера на улица, дел со музика во позадина.

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори предмет по допрен глас по кој постапува надлежен јавен обвинител. Во моментов се испитуваат сите околности во врска со идентификација на лицето што ги објавило снимките. Воедно, со постапката треба да се утврди дали во содржината на разговорите и нивното јавно објавување има елементи на кривично дело, кој снимал, како и идентитетот на лицата што разговараат. Откако ќе биде прибран и анализиран доказниот материјал, обвинителството ќе донесе одлука дали и кое лице ќе биде повикано да даде исказ пред обвинител, за што во моментот е прерано да се зборува“, велат за Локално од обвинителството.

Според информациите до кои дојде Локално, обвинителството се уште ги нема обезбедно целосните аудио материјали, а го нема ниту утврдено идентитетот на лицето кое ги објавило на Јутјуб. Неофицијално, бизнисменот на чиј глас наликува оној кој се слуша во аудио материјалите неделава ќе биде повикан на распит. По утврдувањето кое е другото лице инволвирано во случајот и дали истото ги објавувало на Јутјуб, ќе се направи и негов распит.

Шефицата на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Влима Русковска во изјава за Локално рече дека никој не ги доставил како докази овие разговори за случајот против Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната Специјална јавна обвинителка, Катица Јанева. Дека се оформил нов предмет во врска со овие материјали потврди и државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, кој за медиумите истакнал дека ќе се утврдува кои се актерите во аудио материјалите.

Извор: Локално.мк

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ