Облачно време, попладне пороен дожд и грмежи

Денеска времето во Македонија ќе биде умерено облачно, а попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринските температури се движат од 10 до 17 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 22 до 29 степени. УВ-индексот ќе изнесува 5.

Во Скопје се очекува слично време, умерено облачно, а попладне нестабилно, со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура во главниот град ќе се искачи до 27 Целзиусови степени.

Според синоптичарите, променливото и облачно време, со локален пороен дожд и грмежи ќе се задржи до понеделник. Од вторник се очекува стабилизирање на времето.

Извор: Мета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e