ОБЈАВЕН ИПАРД 3 – НАЈУСПЕШНАТА МАКЕДОНСКА ПРИКАЗНА: Први во регионот сме акредитирани и започнуваме со реализација на програмата

Објавен е првиот јавен повик од ИПАРД 3 програмата.
Со тоа и официјално, ние први во регионот сме акредитирани и започнуваме со реализација на ИПАРД 3 програмата.
30 милиони евра, 30 милиони европски пари се на располагање на македонскиот агросектор. Целата програма од ИПАРД 3 заедно со кофинансирањето ќе надмине 210 милиони евра.
370479698_839606484199856_4584986943853161840_n
Ова се средства за нови можности, за многу нови инвестиции за изградба и реконструкција на фарми, оранжерии, амбари, силоси, објекти за земјоделска механизација, објекти и опрема за постбербени активности, објекти и опрема за прерабтки, опрема за собирање, калибрирање, складирање, ладење, сушење, замрзнување. Нова можност за подигнување на долгогодишни овошни, лозови и други насади, набавка на системи за наводнување, набавка на специјализирани транспортни возила.
374571466_839606517533186_3817519483410451293_n
Нова можност за јакнење на руралните подрачја преку инвестиции за изградба на современа инфраструктура, патишта, пешачки патеки, водовод и канализација.
Прифатливи се и инвестиции во алтернативни земјоделски производи и преработки, производство на пијалоци, непрехранбени производи како и занаетчиски активности.
370364502_839606647533173_3383450338498886996_n
Во насока на силна поддршка за јакнење на руралниот туризам кој има извонредно голем потенцијал и природни убавини, со овој јавен повик опфатени се инвестиции за изградба на сместувачки капацитети (хотели, кампови, бунгалови, апартмани, соби) угостителски објекти, ресторани, простории за дегустации, за директна продажба и маркетинг, за организирање семинари во рурални места. Или накратко, овој јавен повик поддржува инвестиции за се она што значи агросектор и рурален развој.
374575370_839606630866508_7295483549031400403_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e