Новоизбраниот премиер на Косово Курти ја осуди одлуката на ЕУ за Северна Македонија

Новоизбраниот премиер на Косово Албин Курти во интервју за Гардијан ја осуди одлуката на ЕУ да го запре понатамошното проширување на Балканот,потенцирајќи дека со тоа западните лидери демонстрирал дека ги заборавиле лекциите на двете светски војни и наместо тоа, се провлекоа во лицето на фашизмот и популизмот.

Курти рече дека ставот може негативно да се одрази на Договорот кој Косово се стреми да го постигне со Србија бидејќи Белград ќе биде помалку мотивиран да дејствува без перспектива за членство во ЕУ.

Минатата недела Франција предизвика разочарување во регионот по самитот на ЕУ, блокирајќи ги Северна Македонија и Албанија од почеток на разговорите за пристапување и така уништувајќи ги шансите на Србија да го достигне ЕУ во блиска иднина. Францускиот претседател Емануел Макрон инсистираше на тоа дека Европа треба да се фокусира на своите внатрешни реформи.

„ЕУ беше формирана како одговор на фашизмот, но сега се плаши пред популистите и фашизмот“, рече Курти во интервјуто.

Критикувајќи го Макрон, тој рече:

„Вие не можете да кажете, најпрво, ни требаат внатрешни реформи во ЕУ, а потоа екстерно проширување – тие одат рака под рака. Европа е толку важен историски проект што никој не може да биде негов автор, насочувајќи го или водејќи го. Сведоци сме како претседателот на Комисијата на ЕУ Жан-Клод Јункер рече дека нема да има понатамошно проширување во наредните пет години, и тогаш ситуацијата на Балканот се влоши.

„Да, ЕУ е важна за Балканот, но Балканот е многу важен за ЕУ. Берлин и Париз треба да го знаат ова добро, и навистина е жално, за сите нас, што го забораваат ова. За неколку децении, историчарите ќе пишуваат дека немаше две светски војни, туку само една светска војна со две епизоди и се започна во Сараево. “ – заклучува Курти.

Ознаки: , ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e