Новиот евроамбасадор Жбогар: Македонија сериозно да ја сфати препораката за намалување или укинување на европските пари

Македонија сериозно да ја сфати препораката од Европскиот ревизорски суд  за евентуално намалување или укинување на европските пари за Македонија, вели во екслузивно интервју за Алсат-М, новиот евроамбасадор Самуел  Жбогар.

Тој порачува земјата да биде ригорозна во реформите кои се спроведуваат со пари од европските фондови.

„Сè е поврзано со начинот на кој се трошат парите од европските фондови. Пред неколку месеци ние комисија повлековме дел од парите наменети за Македонија бидејќи некои од реформите не беа направени, едноставно проектите не беа готови. Има рокови за подготовка на проектите и ако тие не се испочитуваат, ние треба да ги пренасочиме тие пари на друго место“, вели Самуел Жбогар, евроамбасадор во Македонија.

 Во меѓувреме од надлежните институции молк. Алсат-М побара став од вицепремиерот за европски прашања Арбер Адеми, што ќе преземе Владата за да се спречи евентуалното губење на помошта?

Адеми во телефонски разговор одговорил дека патува во Брисел, но не сакаше да коментира што ќе преземе Владата и  дали поводот за посетата е препораката од Европскиот ревизорски суд.

Од Министерствата за транспорт и врски и од финансии велат дека за преговарањето за парите од европските ИПА фондови е задолжен Секретаријатот за европски прашања.

Бавното спроведување на реформите во судството, слободата на медиумите и боажрбата против корупцијата се дел од причините за укинување на парите од ИПА фондовите. Досега вкупната сума на откажани проекти е 27,5 милиони евра – пари кои требаше да се инвестираат железничка инфрструктура, унапредување на царината и колекторски систем за Охридското езеро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e