Новиот евроамбасадор, Самуел Жбогар, почна со работа

Новиот евроамбасадор, Словенецот Самуел Жбогар, од денеска го презеде раководството со Делегацијата на ЕУ во Скопје. Тој објави фотографија од својот прв работен ден во земјава на профилот на Твитер на Делегацијата.

Жбогар доаѓа на местото на Аиво Орав, кој сега ќе ја предводи мисијата на ЕУ во Црна Гора.

Словенечкиот дипломат, кој претходно беше евроамбасадор во Косово, важи за добар познавач на состојбите во регионот. Бил министер за надворешни работи на Словенија, како и словенечки амбасадор во САД.

Untitled

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e