НОВИ МОЖНОСТИ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО: Финансиска поддршка од 300.000 денари по корисник кај малите дестилерии

-Денес токму од терен, од малата дестилерија на Влатко Стојанов во Неготино го најавуваме почетокот на јавниот повик за поддршка на малите дестилерии. До сега имаме регистрирани 23 мали дестилерии, но ги бележиме и првите здруженија на мали дестилерии, посочи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Со финансиска поддршка од 300.000 денари по корисник помагаме во инвестиции за набавка на опрема за производство на жестоки и алкохолни пијалоци, и ангажирање на стручно лице-технолог. Оваа нова мерка доаѓа токму како предлог од земјоделците, преку нашите теренски кампањи сме поблиску до земјоделецот, и уште еднаш докажуваме дека сме министерство кое го слуша нивниот глас.

347552007_3693726740856728_6559457562447378203_n

347428066_1369961326895938_9134736462663899115_n

Николовски очекува голем интерес кај малите производители за поддршката која е ставена на располагање.

-Заедно да испишеме многу нови успешни приказни. 2023 година со право велиме дека е година на нови можности во македонското земјоделство, додаде тој.

347385294_752797469970435_1209015729489588548_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e