Нови 28 ковид случаи за 24 часа

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 278 тестови, а регистрирани се 28 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 24, Велес – 2, Куманово и Гевгелија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (28), регистрирани се 7 реинфекции.

Регистрирани сe 39 оздравени пациенти од: Скопје– 22, Прилеп- 5, Куманово- 4, Битола– 2, Тетово, Кавадарци, Охрид, Струмица, Гевгелија и Неготино– по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема регистрирани починати лица.

Направени се 278 тестови: ИЈЗ-58, ЦЈЗ Скопје-56, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-3, ЦЈЗ Тетово-0, ЦЈЗ Куманово-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија-0, Жан Митрев (Филип Втори)-4, Авицена-0, Биотек-4, Систина-1, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност-0, Генеа-3, Никоб Лаб-6, ВФВ Медикал-2, Ели Медика Плус-0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–0, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-0, ПЗУ ГМ Лаб-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 144.

Досега во земјата се направени вкупно 2.174.919 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.462, бројот на оздравени пациенти е 333.611, на починати е 9.551 а бројот на активни случаи изнесува 300.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e