Новаковски: Не размислувавме за признавање вина, иако тоа ни го дава законот

Верувам дека колегата, бранител на Бојан Јовановски кога излезе на прес конференција, сигурно имал големи причини. Кажа дека има сериозни здравствени причини да судот одлучува, но повторно се враќаме за Законот за кривична постапка, вели во емисијата 24 Анализа на ТВ 24 адвокатот Александар Новаковски, бранител на Зоран Милевски – Кичеец кој е воторообвинет во случајот „Рекет“.

„Таму ние прво немаме спогодба со обвинителството. Знаете која хајка беше за исказот на Зоран Милевски. Дали мислите дека тоа беше во ред? Зошто да го дадеме исказот? Кога исказ се дава во таа фаза? Дали јас го имам исказот на Јанева кога беше повикана со адвокат“, вели Новаковски.

Тој истакна дека до сега не размислувале за признавање на вина, но потсетува дека тоа им го дава законот.

„Имаме обвинение, а како ќе настапиме на судењето, тоа е тактика на судењето. Може да признаеме вина, да не признаеме вина, тоа зависи од доказите кои ги имаме. Дали беше во ред тоа што се случуваше со исказот? Тој го даде исказот како осомничен, не како сведок. Излегоа искази од сведоци, видовте во јавноста. Исказот на осомничен во таа фаза никогаш не се давал, а сега го видоа во оваа фаза“, рече адвокатот на Кичеец.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e