Нов криминал во владата на повидок?. Сите решенија на Чавков и Андонов се незаконски. Оливер Спасовски и по разрешувањето од функцијата Министер за Внатрешни работи останал овластен потписник на министерството.
Од документот што е добиен од централниот регистар денеска (2 Септември 2016), од страна на Либертас, јасно се гледа дека Оливер Спасовски сеуште се води како овластено лице.
Целиот овој период Митко Чавков додека беше на функцијата, нелегално потпишувал решенија. Истото го направил и еднодневниот министер Оливер Андонов кога со негов потпис го назначил Чавков за директор на бирото за јавна безбедност.
На потег се сега инспекциите да увидат зошто не била направена промената во Централен Регистар, зошто незаконски се потпишувале и што ќе се случи со веќе донесените незаконски решенија во предходниот скоро тримесечен период.