Министерoт за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска беше во посета на земјоделецот на Муса Алиоски од село Канатларци, прилепско.
-Муса е посветен, вреден земјоделц, производител на сончоглед и пченица. Лично од него ги слушнав придобивките од мерката за поддршка при набавка на вештачко ѓубриво, и наидов на голема мотивиранист и посветеност. Го информирав дека една од новите мерки во Програмата со која се надоврзуваме на досегашната поддршка е мерката за финансиска поддршка за набавка на вештачко ѓубриво за производство на пченица и јачмен во износ од 3.000 денари по хектар, рече Николовски од терен.
-Дополнително обезбедуваме и поддршка од 5.760 денари по хектар за остварен зголемен принос. Стабилното и зголемено домашно производство на стартешките житни култури е наша цел на која заеднички работиме. Му посакувам на Муса и на сите земјоделци ниви плодни жито, и успешна есенска сеидба, порача министерот Николовски.