Николовски: На граѓаните во Арачиново треба да им се помогне, мочуриштето е зараза

Денеска членот на извршниот одбор на СДСМ, Љупчо Николовски, повторно како и вчера беше во посета на Арачиново од каде даде изјава за медиумите:

“Три недели после поплавите, Владата и Градот Скопје остануваат глуви за состојбата во Арачиново.

Медиумите јавија за ова мочуриште со остатоци од удавени животни кои се нашле на удар од поплавата. Овде постои сериозен ризик од зарази од бактерии кои се опасни по животот на жителите од Арачиново, но и пошироко – по граѓаните од Скопје.” – рече Николовски.

“На овие семејства, деца и наши сограѓани треба да им се помогне.

Оваа потенцијална зараза мора да се отстрани.

Ние сме тука да помогнеме, да подадеме рака и да гарантираме дека ваква катастрофа уште еднаш не смееме да си дозволиме.

Дождови ќе има и понатаму, но ваквата неодговорна власт станува прескапа за македонските граѓани, не само во пари туку и во човечки животи.

Доаѓа време на одговорност и време на подобар живот” – посочи членот на Извршниот одбор на СДСМ, Николовски.

IMG_9253

IMG_9231

IMG_9188

IMG_9136

IMG_9131

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e