Николовски: Во петок на 27-ми декември, ќе го утврдиме кандидатот за премиер, но и останатите позиции во новата влада(ВИДЕО)

Ова денеска во интервју за Сител го изјави генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, кој посочи дека се уште е во тек постапката за утврдување на кандидатот за технички премиер.

-Секако дека Царовска и Спасовски се едни од функционерите коишто согласно законот и договорот. Во овој период со самиот избор на нова влада,  тие две позиции на некој начин  се предмет на самиот Пржински договор и новата влада. Тие се едни од двајцата министри со многу висок кредибилитет и меѓу граѓаните и меѓу членството и се партиски потпретседатели на партијата и секако се едни од кандидатите, но постапката е во тек. Таа ќе финишира на 27 декември, следниот петок кога Централниот одбор согласно статутот на партијата треба да го утврди кандидатот, додаде Николовски.

Во продолжение, можете во целост да го проследите интервјуто со генералниот секретар на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e