Николовски во Битола: Исплатени 150 милиони денари за субвенции за трета фаза за предадено млеко

Денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати близу 150 милиони денари за субвенции за трета фаза за литар предадено млеко, соопшти министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, при денешната посета во Битола.

bt3

Оваа сума на пари денеска е исплатена на над 6.700 фармери, а во следните денови комплетно ќе заврши исплатат по овој основ. Со оваа исплата се заокружува исплатата на прва, втора и трета фаза за субвенциите за предадено млеко. Вкупно досега за сите три фази по Програмата за финансиска поддршка за 2017 година се исплатени близу 472 милиони денари, за субвенции за кравјо млеко од 3,5 денари за литар, и за субвенциите за козјо и обчо млеко до 4 денари за литар.Министерот Николовски посочи дека и во следниот период ќе продолжи поддршката за сточарството како сектор кој има голем удел во земјоделство и економијата.

bt5

„ За прв пат распишавме оглас за сточна храна, за кој што има голема заинтересираност, а со кој ќе се придонесе сточарите да имаат поевтина добиточна храна. Преку Прогрмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2018 година, посебен акцент ставивме на сточарите со развоен капацитет, односно тие ќе добијат 10 отсто повисоки субвенции за грло. А во следниот период Владата ќе излезе со нови сет на мерки за развој на сточарството. Поддршката за развојот на сточасртвото, особено ќе расте  со нашата интеграција во НАТО и ЕУ, и ќе ни стои на располагање 10 пати поголема сума за финансиска поддршка од европските фондови од онаа што сега ја користиме“, изјави Николовски.

При тоа Николовски потенцираше дека Владата е силно посветена на развојот на земјоделството, кое што има голем удел во развојот на вкупната економија. Позитивните показатели во земјоделството ќе растатат уште повеќе со членството на Македонија во НАТО и ЕУ. Европската Унија е семејство на народи – каде што земјите си помагаат една на друга за да споделат можности и да создаваат економски придобивки за секоја земја членка, што за македонските земјоделци ќе значат зголемени субвенции, инвестиции, сигурен пласман и повисоки откупни цени.

bt4

Во рамки на посетата на Битола, министерот Николовски оствари средба и со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, на која што разговараа за поддршката што општините ја имаат преку Програмата за рурален развој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e