Николовски: Ваучери за домашен туризам – мерка која има за цел да го заживее домашниот туристички сектор преку зајакнување на куповната моќ на граѓаните

Ваучери за домашен туризам во вредност од 6.000 денари ќе добијат 117.122 граѓани – мерка која има за цел да го заживее домашниот туристички сектор преку зајакнување на куповната моќ на граѓаните, посочи генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

„Проверете дали сте корисник на мерката на интернет платформата #ДомаСиЕДома – www.domasiedoma.gov.mk.

Секој вложен денар во домашните производи, во услужниот сектор е вложување во зачувување на домашните компании и работните места на нашите сограѓани“, истакна Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e