Николовски: Сите да носиме маска, да ги почитуваме мерките, заеднички да ја добиеме битката со КОВИД 19

Јас #НосамМаска и ги почитувам мерките и протоколите за заштита од КОВИД 19, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

„Носењето маска е наједноставниот начин за заштита. Со носењето заштитна маска ги штитиме нашите најблиски, покажуваме и дека ги почитуваме здравствените работници.
Јавното здравје зависи од секој поединец и со личен пример треба да покажеме одговорност!
Повикувам сите да носиме маска и да ги почитуваме мерките и протоколите за заштита, да помогнеме и заеднички да ја добиеме битката со КОВИД 19!“, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e