Николовски откри кои мерки ќе се воведат во сточарството и полјоделството со новиот интервентен фонд

Оваа година е прва година каде имаме посебна програма надвор од директните плаќања надвор од руралниот развој, 250 милиони денари се внесени во новиот интервентен фонд и ќе се состои од мерки кои ќе значат интервентна поддршка и на сточарството и на полјодлството, истакна министерот Љупчо Николовски во денешното гостување во МРТ во емисијата Аграр.

„На следната владина седница ќе ја предложам новата програма која што детално е разработена, веќе се сретнавме со одгледувачите на свињи, овци се со цел да детектираме во што треба да ги поддржиме“, посочи Николовски.

Николовски истакна дека со новиот интервентен фонд се воведуваат две нови мерки од кои со едната ќе се субвенционира 20 посто за ѓубриво, а со втората мерка за секое предадено јагне ќе следува 400 ден, а кај свињарството ќе следува 1500 ден по свиња.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e