Николовски од Кр.Паланка најави мамограф, гастроскоп и дигитален ренген за здравствениот дом Крива Паланка

Денеска во Крива Паланка официјално беше  пуштен во употреба патот Крива Паланка – Граничен премин Деве Баир во должина од 15км и средства од  околу13 милиони евра.

На настанот присуствуваа голем дел на владини и претставници на меѓународните институции меѓу кои и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Николовски се обрати пред присутните и меѓу останатите проекти најави дека и здравствениот дом Димитар Арсов од Крива Паланка ќе добие нов мамограф, дигитален регнген како и гастроскоп што ќе биде од значаен придонес за подобрување на условите за живот на кривопаланчани кои за овие услуги до сега одеа во другите градови од државата.

-Се грижиме за сите категории на граѓани, рече Николовски пред присутните најавувајки ги овие три важни инвестиции во делот на здравството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e