Николовски: Со новиот систем на субвенционирање одвојуваме 5 милиони евра годишно повеќе пари за тутунопроизводството

Тутунопроизводството е традиционална гранка во македонското земјоделство и затоа со особена грижа приоѓаме кон неа, истакна министерот Љупчо Николовски во денешното гостување на МРТ во емисијата Аграр.

„Го воведовме новиот систем за субвенционирање по класи односно поквалитетниот тутун да добие 80 ден по килограм, 70 ден втора класа и 60 ден трета класа. Тоа значи зголемена поддршка односно 5 милиони евра годишно повеќе пари за тутунопроизводството“, истакна Николовски.

Министерот нагласи дека активно се следи целокупниот откуп со тоа што уште од првиот ден на предавањето на функцијата министер за земјоделство излегоа на терен со тутунопроизводителите се со цел да поразговараат со тутунарите.

„Откупот полека завршува а се склучуваат нови договори, ќе влеземе во разговори со откупните претпријатијата каде би имало корекција на цените, но секако најпрвин ќе разговараме со производителите на тутунот“, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e