Николовски: Нема сила што ќе не спречи во борбата против корупцијата

Наследивме земја која немаше слобода и демократија, истакна вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски во емисијата „Топ тема“.

„Не можеме без работа да направиме нешто. Како резултат на политиките на оваа Влада денес седиме на масата заедно со 30 земји членки на НАТО алијансата. Сега сме дел од најелитниот клуб, нешто што беше стратешка цел на многу претходни генерации, но немаа храброст да го направат“, посочи Николовски со намера да направи споредба и со храбрите одлуки кои Владата ги презема во борбата против корупцијата, онаму каде што три децении никој не работел.

„Не е толку важно на кое место се наоѓаме на листата за инекс на корупција, тоа во моментов не им е битно на граѓаните, она што е битно е дека сега сите имаме обврска да се вклучиме во овој процес, во фронтот против корупција. Потребно е да се даде поддршка за трансформација на општеството, нема сила што ќе не спречи за тоа што граѓаните ни дале мандат, потребно е да се роди генерација која ќе ги реши овие проблеми,кои се таложеле повеќе од 30 години“, изјави Николовски.

Според него, денес државата е поместена планини напред во делот на слободата и демократијата, но и во многу други процеси, а дека борбата против корупцијата е на врвот на агендата на Владата. Токму затоа е дефиниран и планот за таа борба да оди што побрзо и поефикасно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e