Николовски: Нема простор за компромис и договор за инспекциски надзори

Со подготовка на електронскиот софтвер за поврзување на сите 28 инспекциски служби, го намалуваме субјективното и селективно влијание на инспекторот за време на инспекцијата- човечкиот фактор го сведуваме на минимум, вели вицепремиерот  задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски.
-Софтверот ќе овозможи, електронска распределба на инспекциските надзори и следење, електорнско генерирање на записниците од извршените надзори на лице место, како и зајакната координација на инспекторите од различни институции, смета Николовски.
-Нема простор за компромис и договор за инспекциски надзори, нема сопствена одлука во кој објект да влезе инспекторот – сите се еднакви пред законите, секој што ги прекршил, ќе сноси одговорност! – дециден е Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e