Николовски: Нема да чекаме кривична пресуда за функционерите, имотот ќе се конфискува во граѓанска постапка

Ние сме единствена земја во регионот која битката за корупцијата ја издигна на повисоко ниво, со подготвено законско решение и затоа доби поддршка од сите европски институции и во Брисел и во Виена каде што е седиштето на главната канцеларија на ОН за борба против корупција и Северна Македонија е лидер во регионот во спроведување на овие реформи. Во Охрид го усвоивме патоказот со сите министри од регионот за борба против корупцијата кои сега ќе започната да се имплементираат. Започнавме борба со криминалот на самите гранични премини за првпат само во нашата земја се поставуваат контејнери и системи за борба и имаме широка и голема поддршка, влегуваме во новата програма на ОЛАФ за борба против измамите, таму се сите земји членки кои може да користат од новиот буџет во вредност од 180 милиони евра и со тоа се даде значење и признание на сите промени кои ги правиме во правец на борба против корупцијата и криминалот., рече Љупчо Николовски, вицепремиерот за борба против корупцијата во гостувањето на вестите на Сител.

-Голем е интересот за законот на потекло на имот, драфт верзијата на овој закон е затворена денеска и се решени сите прашања, одработната група под водство на Советот на Европа, сега ќе се разгледува законот од страна на нивните експерти меѓутоа сите внатре судии, обвинители и експерти ги решија сите прашања и потоа наскоро ќе се отвори со јавноста, рече тој

Според Николовски тоа е закон кој ќе се однесува за сите граѓани со што се елиминираат слабостите на кривичните постапки.

-Ова особено важи за луѓе за кои велат ќе лежам во затвор и кога ќе излезам имотот ќе ми остане, со овој закон истиот во граѓанска брза постапка овој имот ќе биде конфискуван, а постапката ќе ја води финансиската полиција, да нема формирање нови институции. Граѓаните треба да докажата каде има разлика од 30.000 евра неприавени или неоданочени. Постапките ќе ги застапува државнотот правобранителство бидејќи тоа е имот на државата и тој имот треба да се врати на граѓаните.

Закон кој во други земји се нарекува закон против мафијата, се растеретуваме од она што го влечеме низ транзицијата и ова ќе биде доказ за едно трансформирано општество, појасни тој.

Според Николовски на база на студијата на Советот на европа, доколку некој ќе стекне имот за кој нема покритие како го стекнал и разликата е 30.000 денари институциите ќе алармираат, ќе има постапка и процедура и ќе може да се истражи. во моментот законот е само за функционери додека се на функција, тие ги префрлаат на други имиња и по кривичните постапки си го враќаат имотот назад, дури и при правосилни пресуди.

-Ќе можат да пријавуваат и граѓаните затоа ќе ги јакнеме капацитетите на финасиската полиција, затоа нема да има потреба од кривична пресуда туку во брза граѓанска процедура се конфискува имотот. И ќе ги демотивираме оние кои сакаат да пишат на нивно име имот бидејќи ќе бидат проверени. Мора да го менуваме менталитетот, мора по 30 години да не го изигруваме законите и она што е на државата да се врати на граѓаните и да ја средуваме државата, да се градат градинки, училишта. Се надевам дека на овој начин ќе ги вратиме младите, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e