Николовски најави четири нови мерки кои се во интерес на земјоделците

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски најави 4 нови мерки кои се донесени на вчерашната владина седница во интерес на земјоделците.

„-Обезбедуваме дополнителни 3 денари по килограм за оризова арпа продадена во регистрирани капацитети за откуп.
-Обезбедуваме 3 денари по килограм за јаболка предадени во преработувачки капацитети.
-Обезбедуваме дополнителни 3000 денари за женски приплодни грла маторици кои се одгледуваат во одгледувалишта, и исполнуваат услови за биосигурност.
-Го поттикнуваме договорното производство за сончоглед,односно целото производство ќе мора да заврши во македонските препработувачки капацитети“, соопшти Николовски.

„И во време на светска криза, преку низа мерки го поддржуваме домашното производство и го зајакнуваме македонското земјоделство“, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e