Николовски: На владина седница ќе се дефинираат предлог мерките за стратешките култури

Сите партнери се вклучени, вечерва во владата е и претседателот на стопанските комори, претставници на науката и останатите чинители. Сите треба да се вклучат во дефинирањето на мерките. Ние како влада потврдивме дека и во периодот на ковидот, обезбедивме повеќе пакети, кон граѓаните кон малите и средните претпријатија, најмногу заради спасот на двеста илјади работни места и заради поддршка на граѓаните. Сега доаѓа исто таков период и сега ќе се дефинираат мерките и дали треба да се интервенира во делот на стоковите резерви, изјави министерот Николовски во вечерашната Анализа на Телевизија 24.

За пченицата, министерот појасни дека од Србија не е побарано туку дека тоа се проценки и анализи на српското министерство дека до жетвата во Северна Македонија ќе треба околу 50.000 тони, согласно бројките кои што ги имаме и ние а кои што се однесуваат на увозот кој го прави мелничката индустрија.

Преку Опен Балкан разменуваме информации во реално време, така да нема барање туку има комуникација, координација по секое едно прашање, појасни министерот.

Треба смиреност, во последните години имаме раст на производството на пченица и пад во делот на увозот, ние денеска до министерот за финансии доставивме предлог на мерки и политики за стратешките култури. Што е тоа што треба да го превземеме во наредниот период за да дојдеме до преполување на количините кои ги увезуваме. Ние тие мерки макотрпно ги одработивме во изминатиот пеиод, викендот беа заокружени и верувам дека ќе биде отворена дебата на утрешната седница на владата, додаде Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e