Николовски на средба со амбасадорот на Шпанија: Промоција на македонските земјоделско-прехрамбени производи на шпанскиот пазар

“Реализацијата на проектите во рамки на ИПА Програмата, кои ги спроведуваат компании од Шпанија, унапредување на трговската размена и промоција на македонските земјоделско-прехрамбени производи на шпанскиот пазар”, се само дел од темите за кои што на денешната средба разговараа министерот Љупчо Николовски и амбасадорот на Кралството Шпанија во Македонија, Емилио Лоренцо Сера.

28378977_2109216419299886_8470181696775764450_n

Министерот Николовски, го информираше амбасадорот, за текот на проектот за мали системи за наводнување, како и за проектот за реформи во тутунопроизводството, кои се спроведуваат од страна на шпански фирми.

Амбасадорот, потенцираше дека Македонија произведува квалитетни вина и дека и покрај големата конкуренција на пазарот во Шпанија, ќе помогне во промоцијата на македонските вина на шпанскиот пазар.

28378758_2109216469299881_6268167287282322744_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e