Николовски на онлајн состанок со Вучиќ и Рама: Во септември заеднички ќе организираме голем саем за храна и вино во Србија

Иницијативата ОтворенБалкан ги нуди посакуваните резултати, и води кон успешна и препознаена соработка со земјите од регионот, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

„На денешната онлајн средба со претседателот на Србија, Александар Вучић и со премиерот на Албанија Еди Рама ги дефиниравме активностите за идниот период.
Во септември, на наше големо задоволство, заеднички ќе организираме голем саем за храна и вино во Србија, каде производителите ќе имаат можност да ги покажат и македонските производи.
Заедно, сплотени ја носиме Европа дома“, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e