Николовски и Кузеска од Струмица: Додека ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести, ние за два месеца исплативме над 60 милиони евра кон земјоделците

Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ денеска меѓу граѓаните на Струмица беа Љупчо Николовски и портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Пред присутните, Николовски истакна дека земјоделците најдобро знаат какава е разликата помеѓу одговорниот однос на СДСМ и лажните вести и обвинувања што секојдневно ги пласира ВМРО-ДПМНЕ.

347375326_231467562945531_5338764481327732441_n

347239683_1640271476384165_338124917540805524_n

– ВМРО-ДПМНЕ ги потценуваа земјоделците додека беа на власт, а сега кога се во опозиција ги лажат и манипулираат. Пред неколку месеци безобразно лажеа дека ќе немаме леб, дека ќе немаме брашно или зејтин, бидејќи само тоа и го знаат. А лажат и денес дека наводно се увезува отровен зеленчук. Ние на таквите лаги се спротивставуваме со работа, со меки и политики. Само за овие два месеци исплативме над 60 милиони евра кон 78.000 земјоделци. Подготвивме нова мерка со грант до 10.000 евра за малите прозводители на храна од животинско и неживотинско потекло да набават опрема за да го модернизираат своето производство и да можат да се регистрираат во АХВ за легално да може да продаваат од праг или фарма. Тоа се клучни огромни разлики, порача Николовски, додавајќи дека разликата се гледа и во водењето на општините посочувајќи го примерот со општина Струмица која раководена од Костадин Костадинов продолжува забрзано да се развива.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e