Лицата со попреченост имаат право на еднакви можности за развој, за живот без бариери и дискриминација. Наша задача е колку што можеме да им го олесниме патот до развојот и до еднаквиот пристап во сите процеси.
За таа цел, заедно со мојата сопруга присуствуваме на настан по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост во организација на Counrty side и Europe House Крива Паланка.
Како и секоја година така и оваа решив сите годишни дневници да ги донирам на Country side, за да барем во еден сегмент можеме да помогнеме во инклузијата на нашите сограѓани. Воедно, сакаме да упатиме голема благодарност за честа и признанието за хуманост и општествена одговорност кое Country side ни го додели.
Фејсбук статус на Љупчо Николовски – Министер за земјоделство, шумарстсво и водостопанство