Николовски: Државата ќе може да го дава под закуп земјиштето кое не е обработено со години

Со измените во Законот за земјоделско земјиште нема да се навлезе во приватната сопственост на граѓаните, но државата сепак ќе може да го дава под закуп земјиштето кое не е обработено со години, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во денешното интервјуто за Скен.

„Ова е најголема реформа во земјоделството, ги користиме сите ресурси за да може да произведеме доволно храна во вакво време на светска криза“, посочи Николовски.

Николовски нагласи дека со новиот Закон по службена должност ќе се евидентираат сите земјишта.

„Доколку земјиштето не се обработува се категоризира како напуштено, не се одзема сопственоста, но се создава можност државата да го даде под концесија од кои 80% од закупнината која се остварува веднаш ќе се префрли на сопствениците, а 20% се предвидени за административни трошоци во Буџетот на државата“, потенцираше Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e