Николовски: Доделени првите договори за набавка на модерни системи за наводнување “капка по капка” и за конструкција на бунари

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски посочи дека 322 земјоделски стопанства од денеска трајно ќе го решат проблемот со наводнување.

„Заедно со премиерот Dimitar Kovacevski и директорот на #АФПЗРР Nikica Bachovski ги доделивме првите договори на земјоделските стопанства, од последниот јавен повик за набавка на модерни системи за наводнување “капка по капка” и за конструкција на бунари, со вкупен износ од 75 милиони денари“, истакна Николовски.

Николовски потенцираше дека големиот интерес од целата држава потврдува дека мерката е успешна.

„Сите наши заложби за модернизација на агросекторот даваат видливи и мерливи резултати. Системот “капка по капка” е најмодерна технологија за ефикасно наводнување и зголемување на приносите, штеди вода, време и пари.
Да продолжиме заедно да градиме, да се развиваме и да произведуваме домашна храна. Само така ќе имаме модерно,одржливо,конкурентно стабилно и развиено земјоделство“, нагласи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e