Николовски со честика за 8-ми март: Горди сме што заедно создаваме општество на целосна рамноправност!

Среќен 8-ми март! Силни, храбри, рамноправни жени! – порача денеска на социјалните мрежи вицепремиерот за борба против корупцијата и генерален секретар на СДСМ Љупчо Николовски.
-Денеска е вашиот ден, меѓународниот ден на жените – празникот кој настанал како резултат на борбата за економска, политичка и социјална рамноправност на мажите и жените.Горди сме што заедно создаваме општество на целосна рамноправност. Нашите политики како Влада се целосно во духот на родовата еднкавост и еднаква застапеност на жените во политичкиот и општествен живот. – стои во честитката од Николовски.
Преку усвојувањето на Истанбулската конвенција и нејзиното спроведување, преку поддршката на женското претприемништво, преку механизмите за заштита на жената од родово базираното насилство создадовме плодна почва за натамошно унапредување на правата на жените во нашето општество. – вели Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e