Николовски – Брнз: Заедничкиот проект за поддршка на млекопроизводството е најава за интензивирање на соработката

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски се сретна со амбасадорката на САД, Кејт Брнз.

На средбата, министерот изрази благодарност за поддршката што САД во континуитет ја дава на нашата земја.
NikolovskiСо посветено партнерство продолжуваме во унапредување на секторот земјоделство, истакна Николовски.
Nikolovski2„Успехот на заедничкиот проект за поддршка на млекопроизводството во кои процесот на производство го унапредија повеќе од 200 млекопроизводители и откупувачи е најава за интезивирање на соработката во следниот период.
Дополнително ќе работиме на размена на искуства во делот на нови технологии, мерки за рурален развој, дигитално земјоделство и одржлив развој.
Ги продлабочуваме односите и во иднина, во полза на земјоделците и земјоделството како гранка“, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e