Николовски: Апелирам да се почитуваат мерките и здравствените протоколи, а толеранција за прекршителите нема да има!

По стапувањето на сила на измените и дополнувањата на Законот за заштита на здравјтето на населението од заразни болести, инспекциските служби од вчера дејствуваат со поголеми овластувања при постапување со прекршителите на здравствените протоколи, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

„Во текот на вчерашниот ден, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) изврши 48 надзори и 742 контроли и според новите овластувања, на лице место затворен е еден угостителски објект во Гостивар, кој ги прекршил одредбите од новите измени на Законот.
Според новите измени и дополнувања доколку на терен инспекторите констатираат дека одредено правно лице ги прекршува здравствените протоколи, во истиот момент им е дозволено да изречат привремена забрана за вршење на дејноста од 10 до 30 дена, односно објектот на лице место ќе биде затворен.
Апелирам да се почитуваат мерките и здравствените протоколи, а толеранција за прекршителите нема да има!“, потенцираше Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e